Бараната нарачка се испорачува на Адресата за испорака на Клиентот, согласно со трошоците за испорака кои се вклучени при плаќање на нарачката, во рок од 48 часа од извршената уплата.

Рокот за испорака, започнува да тече од моментот кога е извршена уплатата (средствата се префрлени на нашата сметка), па се до приемот на нарачката од страна на Клиентот.

Пратката се испорачува преку Карго експрес Битола, секој ден од понеделник – сабота, со исклучок на недела и за време на државни празници; освен во одредени случаи кога производите ќе бидат испорачани преку Пошта.

Цената за испорака на нарачка која треба да ја плати Клиентот е 150 денари, освен за нарачка на производи над 2000 денари, кога Клиентот добива бесплатна испорака.

Нарачката се предава на Клиентот или на трето лице, кое што ја прима нарачката и го потврдува приемот на истата во име на Клиентот.

При предавање на нарачката, Клиентот или третото лице потпишува документи кои се во прилог со нарачката.

Во случај, Клиентот да не биде пронајден на наведената од него адреса, во рокот за исполнување на испораката, или да не биде обезбеден пристап и услови за предавање на нарачката во тој рок, електронската продавница “BOROSHOP” се ослободува од обврската за испорака на бараната нарачка.

Клиентот може да побара да ја добие нарачката и после истекот на рокот за испорака, во кој не бил пронајден на адресата за испорака, така што ќе ги сноси сите трошоци за повторна достава, кои што ќе ги исплати на лице место на Карго експрес во моментот на повторна испорака и прием на нарачката.

Клиентот има право да го откаже приемот на бараната нарачка, доколку:

  • Испорачаната нарачка не одговара на направената нарачка и тоа може да се утврди преку преглед на истата;

  • При транспортирањето нарачката или нејзината кутија е оштетена;

  • Доколку не е запазен рокот на испорака на нарачката.

Откажување на нарачката не е дозволено после потпишување на документите во прилог на нарачката.

За повеќе информации може да не контактирате на тел. 047/229-362, или на e-mail: office@boroshop.mk