Услови за користење

Дефиниции

Овие Услови за користење претставуваат договор од страна на ДОО БОРОЛА на интернет сајтот www.boroshop.mk за остварување на контакт помеѓу продавачот и купувачот и се регулирани правата и обврските на снабдувачот и потрошувачите (клиентите) на овој сајт.

    При толкување и примена на Условите за користење, наведените подолу термини и изрази, го имаат следното значење:

  • Интернет сајт е збир на интернет страници, со вкупен наслов интернет страница, која се полни во вашиот пребарувач, при испишување на електронската адреса www.boroshop.mk;

  • Пребарувач е компјутерска програма која нуди можност за пренос, обработка и визуелизација на податоци преку различни видови протоколи за пренос на податоци;

  • IP адреса – адресната шема (форматот на IP-адресите и начинот на нивното користење) е од базично значење во процесот на насочување (routing) на IP-пакетите низ мрежата. Секоја IP-адреса има точно определен формат. На секој корисник приклучен на TCP/IP мрежа, му се доделува една единствена 32 битна логичка адреса поделена во два дела:

  • број на мрежата (network number) и
  • број на хостот (host number).

Мрежниот број ја дефинира мрежата, и ако мрежата треба да биде дел од Интернет, тој се доделува од глобален авторитет Network Information Center (NIC). На секоја нова мрежа која бара пристап на Интернет, NIC доделува по еден мрежен број, а тоа всушност се група од IP-адреси со која операторот на мрежата може слободно да располага и да ги доделува на хостовите.

IP-адресата се состои од 32 бита (кога се говори за IP-адреси се подразбира IPv4 адреси), групирани во 4 октети, одвоени со точки и претставени во децимален формат (на пример 194.149.144.1). Минимална декадна вредност на еден октет е 0, а максимална 255.

  • Продавницата BoroShop е интернет сајт (веб страна) за електронска трговија, за продажба и испорака на објавените производи на неа;

  • Клиент е секое физичко или правно лице кое по електронски пат се регистрирало во www.boroshop.mk, на тој начин има стекнато корисничко име и лозинка, и изразило согласност за склучување на договорот;

  • Клиентски профил е одвоен дел од електронската продавница BoroShop кои содржат информации за регистрираното лице во www.boroshop.mk. Пристапот до профилот на регистрираното лице се остварува преку воведување на e-mail и лозинка. Профилот му овозможува на регистрираното лице да направи купување, да дава предлози за вклучување на нови услуги, да дава проценки и да ја прекине регистрацијата;

  • Злонамерни дејствија се дејствија или пропусти, нанесување на штета на лица поврзани на интернет или асоцијативните мрежи, добивање на пристап до ресурси со странски права и лозинки, користење на недостатоци во системите со цел сопствена корист или искористување на информации (HACK), вршење на активности кои можат да бидат квалификувани како индустриска шпионажа или саботажа, оштетување или уништување на системи или информациски низи (CRACK), испраќање на “тројанци” или предизвикување инсталација на вируси, или системи за далечинско контрола, вознемирување на нормалната работа на другите корисници на интернет и придружните мрежи, вршење на какви и да било дејствија кои можат да се квалификуваат како кривично дело или административно прекршување на македонското законодавство или друго применливо право.

Регистрација на клиентот

       За да има право Клиентот да прави важечки барања за купување на производите понудени на електронската продавница BoroShop, тој треба:

  • Да ја пополни точно електронската форма за регистрација, која се наоѓа на следниот линк https://boroshop.mk/

  • Да се согласи со овие Услови за користење.

Преку својот профил, секој Клиент кој е регистриран на електронската продавница може да побара или да се откаже од можноста за користење на извршените услуги. После прифаќање на овие Услови за користење, регистрираното лице на www.boroshop.mk може да ги користи сите услуги кои се наведени, и се смета дека е согласен со Условите за користење.

Со кликање на копчето Се согласувам со условите и притискање на копчето Нарачај, Клиентот прави електронска изјава според Законот за електронски документ и електронски потпис, со која декларира дека е запознаен и ги прифаќа наведените Услови за користење. Електронската продавница ја чува IP адресата на клиентот, како и информации за негова идентификација во случај на правен спор.

Со секое барање за купување на производи помеѓу Клиентот и продавницата BoroShop, се склучува воедно и Договор врз основа на Условите за користење. Според тој договор, произлегуваат правата и обврските на двете страни.

При настанување на спор, лицето кое изјавило дека се обврзува со текстот од Условите за користење, се смета за она лице, кое ја платило цената за нарачаните производи.

Објавување на информации за производите

На електронската продавница https://boroshop.mk/ се објавува опис и цена за секој од производите, кои што можат да се купат преку неа.

Продавницата не сноси одговорност за невистинити и неточни податоци за производите дадени од производителот.

Објавувањето на описот и цена на производите на електронската продавница е согласно со член 8 од Законот за заштита на потрошувачите.

Доколку нема на залиха од нарачаните производи, во рамките на еден работен ден после добиеното барање за нарачка на производи, од продавницата ќе го известат Клиентот за исцрпување на залихата преку испраќање на известување на e-mail.

Склучување на договор

Клиентот има пристап преку својот профил до производите кои сака да ги нарача, предложени на електронската продавница BoroShop, откако ќе внесе точен e-mail и лозинка на соодветните места на страната за влез на продавницата и притисне Најави се.

Барањето за купување на производи од продавницата се смета за извршено после притискање на копчето Нарачај.

При наведена невистинита или погрешна адреса и/или телефон при поднесување на барањето за нарачка, електронската продавница нема обврска за склучување на Договор со клиентот и исполнување на договорот.

Договорот меѓу двете страни стапува на сила после направената проверка за залихата на производите и после потврдување на примената нарачка на Клиентот од наша страна, за што се испраќа e-mail за склучување на договорот согласно член 13 од Законот за електронска трговија. 

Плаќање и цени

При нарачка Клиентот добива информација за трошоците за испорака, како и крајната цена, која што треба да ја плати, вклучувајќи ја цената на производот и трошоците за испорака на производите.

ПОТРЕБНО Е АВАНСНО ПЛАЌАЊЕ НА НАРАЧКАТА. Сите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ.

Уплатата можете да ја направите на редовниот начин со уплатница во најблиската банка или пошта. Плаќањето, врз основа на податоците за нашата банка, се врши на образец ПП 10 – налог за готовинско плаќање или на образец ПП 30 – налог за безготовинско плаќање.

По приемот на уплатата, ние ќе Ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адреса за испорака.

Права и обврски на страните

     Електронската продавница BoroShop се обврзува:

▪  Да ги испорача нарачаните производи во предвидениот рок;

▪  Да даде информација за фирмата, сопственик на електронската продавница;

▪  Електронската продавница BoroShop има право да ги промени цените, начинот на плаќање и испорака, како и дизајнот на сајтот без претходно известување. Договорите склучени пред промената, ќе се сметаат за склучени при услови во моментот на нарачување на производите.

     Клиентот се обврзува:

▪  Да наведе точна и вистинита адреса за испорака, телефон и e-mail;

▪  Да ја плати цената на нарачката;

▪  Да ги плати трошоците за испорака, доколку има такви;

▪  Да овозможи пристап и можност за добивање на нарачката;

▪  Да ја прими побараната нарачка.

     Клиентот треба да ги почитува своите постапки, така што:

▪  Да не ја објавува лозинката на трети лица;

▪  Да не поднесува лажни барања или други информации;

▪  Да ги почитува Законите, како и овие Услови за користење;

▪  Да не ги повредува туѓите материјални и нематеријални права;

▪  Да не дава лажни податоци;

▪  Клиентот носи целосна одговорност за заштита на корисничкото име и лозинка, како и за сите активности кои се вршат во негово име.

Испорака на производи

Нарачаните производи се испорачуваат на наведената адреса за испорака од Клиентот, во рок од 48 часа, после извршената уплата за производите, кои се неопходни за обработка на нарачката:

▪  Рокот за испорака започнува да тече од моментот откако средствата за нарачаните производи се префрлени на нашата сметка;

▪  Нарачката се предава на Клиентот или на трето лице, кое што ја прима и потврдува за добивање на нарачката во име на Клиентот;

▪  Нарачката се предава на лицата после претходниот став за плаќање на цената како и трошоците за испорака;

▪  При предавање на нарачката на Клиентот или третото лице, потпишуваат документи кои се во прилог со нарачката.

Враќање или замена

BoroShop не врши поврат на средства, а замена се прави само во следниве случаи:

  • Во случај на несовпаѓање на доставените и нарачаните производи што може да се утврди преку обичен нејзин преглед,
  • како и при оштетување при транспортот на пакувањето на производот.

Трошоците за враќање на нарачаните производи се за сметка на “БОРОЛА” ДОО.

Барањето за замена на производите треба да биде поднесено писмено во рок од 7 работни дена, сметано од датумот на прием на нарачката на следниот e-mail: office@boroshop.mk.

Замена на производот се врши доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и оригиналните документи кои се во прилог со нарачката.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Заштита на личните податоци

Електронската продавница BoroShop ќе ги користи личните податоци од корисниците кои се регистрираат на веб страната, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Овие податоци не се достапни на трети лица, и нема да бидат откриени на други, без добиена согласност од Клиентот.

За разгледување на производите не е потребна регистрација, освен при нарачување на производи, кога се внесуваат следниве податоци: име, презиме, адреса, e-mail и телефон, со цел да може да се испорачаат производите. Купувачот одговара за точноста на своите податоци, и може во било кое време истите да ги ажурира. Електронската продавница BoroShop нема пристап до Вашата лозинка. Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, може да ја промените на следниов линк: https://boroshop.mk/my-account/lost-password/.

Доколку сакате да оставите коментар/оценка за нашите производи, Ве информираме дека Вашите лични податоци (име, презиме) кои ќе ги оставите таму се јавни и видливи, а електронската продавница не одговара за пристапот до личните податоци кои се оставени на таков начин.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние нема намерно да земаме или користиме лични податоци од малолетни лица.

Клиентот дава согласност електронската продавница BoroShop да ги користи информациите за испраќање на новости, информации и промотивни понуди за производите, а доколку не сакате да ги добивате овие информации можете бесплатно да се одјавите или да пратите мејл на office@boroshop.com.

Одговорности и спорови

  • Продавница BoroShop не сноси одговорност за неисполнување на обврските, во случај истите да произлегуваат од проблеми во глобалната мрежа на интернет или за обезбедувањето на услуги надвор од контролата на продавницата.  

  • Клиентот е должен да и надомести на продавница BoroShop за сите штети, злонамерни дејствија предизвикани од трети лица, на кои им ја предал својата лозинка.

  • Во случај на спор меѓу двете страни, надлежен е Основниот суд во Битола.

  • Во случај, некоја од клаузулите на постоечките Услови за користење да се покаже како неважечка, тоа не значи дека ќе се поништат и другите клаузули или Условите во целост. Неважечката клаузула ќе биде заменета со задолжителни норми на Законот или воспоставената пракса.

Допoлнителни информации за електронската продавница BoroShop

  • Сите производи кои можете да ги купите од нашата продавница BoroShop се додатоци на исхраната, и треба да се користат како такви, освен 3 производи кои се хербални лекови и може да се купат само во аптека;

  • Основните карактеристики на производите се напишани подетално на страната за секој производ;

  • Најавените промоции и цени на страната се во сила до крајот на денот, кои се објавени на страната и Клиентот може да направи нарачка за истите;

  • Трошоците за испорака на производите НЕ Е ВКЛУЧЕНА во цената на производите. Истата можете да ја видите на страната во полето Испорака“;

  • Давател на услуга е ДОО БОРОЛАод Битола, впишана во Трговскиот регистар и регистар на други правни лица со ЕМБС 5421993 и со регистрација по ЗДДВ со ЕМБС 5421993;

  • Седиште на фирмата ДОО БОРОЛАе ул. Црвена вода бр. 22, 7000 Битола;

  • Адреса за кореспонденција, за поднесување на жалби и други соопштенија е ул. Јанко Палигора бр. 20, 7000 Битола;

  • Надлежен орган за контрола на дејноста е Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија;

  • Телефон за контакт на ДОО БОРОЛА” e 047/229-362 – цената на разговорите зависат од вашиот тарифен модел кон операторот кој го користите, без никакви дополнителни трошоци од наша страна;

  • WEB: www.boroshop.mk; e-mail: office@boroshop.mk