ИМУНОБОР

30 растителни капсули

Претставува природен хербален лек за зајакнување на имунитетот. Активните супстанции на составната компонента Cat’s claw имаат анти-инфламаторно (против воспалително), антимутагено, антивирално и антиоксидативно дејство. По Деарко му помага на организмот да се избори со вирусни, бактериски и габични инфекции. Активните состојки на Херба Мате и Мака ја подобруваат функцијата на жлездите со внатрешно лачење, ја зголемуваат одбрамбената способност на организмот и содржат голем број на витални хранливи материи.

Употребливо до: 11/2019

Опис

УПАТСТВО ВО ПАКУВАЊЕТО / ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАЦИЕНТОТ

ИМУНОБОР/IMUNOBOR капсули

Пред употреба на хербалниот лек внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.

Овој хербален лек се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребно совет со доктор.

И покрај тоа, треба да го употребувате внимателно за да Ви биде што повеќе од корист.

  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.
  • Ако симптомите не се повлечат во тек на 10 дена, тогаш мора да појдете на доктор.

Внатрешното упатство содржи:

  1. Што претставува хербалниот лек ИМУНОБОР и за што се употребува
  2. Што треба да знаете, пред да го земете хербалниот лек ИМУНОБОР
  3. Како да го земате хербалниот лек ИМУНОБОР
  4. Можни несакани дејства
  5. Чување и рок на употреба на ИМУНОБОР
  6. Дополнителни информации
  1. Што претставува хербалниот лек ИМУНОБОР и за што се употребува

ИМУНОБОР капсулите претставуваат природен хербален лек за зајакнување на имунитетот.

Активните супстанции на составната компонента Cat’s claw имаат анти-инфламаторно (против воспалително), антимутагено, антивирално и антиоксидативно дејство.

По Деарко му помага на организмот да се избори со вирусни, бактериски и габични инфекции.

Активните состојки на Херба мате и Мака ја подобруваат функцијата на жлездите со внатрешно лачење, ја зголемуваат одбрамбената способност на организмот и содржат голем број на витални хранливи супстанции.

ИМУНОБОР се употребува:

  • Превентивно, за јакнење на организмот и спречување на појава на горни и долни респираторни заболувања;
  • Како краткотраен третман на настинка и нејзините симптоми (растечен нос, болки во грлото, омалаксаност);
  • Како имуностимулатор и дополнителна терапија при карцином;
  • При артритис (воспаление на зглобовите) и при мијалгија (болка во мускулите);
  • Секојдневно, за подобрување, тонизирање и балансирање на сите функции на организмот;
  • Хронична слабост;
  • Воспалителни промени на гастроинтестиналниот систем: гастритис (воспаление на слузницата на желудникот), Хронова болест и др.
  1. Што треба да знаете пред да го употребите хербалниот лек ИМУНОБОР

Немојте да го употребувате ИМУНОБОР ако:

  • сте преосетливи кон активните супстанции или било која друга помошна состојка на препаратот
  • имате прогресивно системско нарушување како што е туберкулоза и саркоидоза
  • имате автоимуни заболувања како колагеноза и мултипна склероза
  • сте имунодефициентни (HIV инфекција, AIDS)
  • земате било каква терапија на карцином или сте имале трансплантација на орган или коскена срцевина
  • сте на терапија со антихипертензивни лекови (лекови против висок крвен притисок)

Бидете посебно внимателни со ИМУНОБОР:

  • Постојат податоци за антифертилен ефект на Cat’s claw; заради тоа хербалниот лек ИМУНОБОР не треба да го применувате доколку планирате бременост (овој ефект на лекот не е доволен за негова примена како контрацептивно средство!).
  • Cat’s claw содржи хемиски супстанции кои може да ја инхибираат агрегацијата на тромбоцити и да доведат до нарушување на коагулацијата (нарушување на згрушување на крвта).

Хируршки интервенции: ако треба да ви се изврши хируршка интервенција терапијата со ИМУНОБОР треба да ја прекинете најмалку 1 недела пред хируршката интервенција (заради ризикот од зголемено крварење).

  • Употребата на високи дози од Cat’s claw (3-4gr) кај некои лица може да доведе до појава на болка во стомакот или нарушувања на дигестивниот систем вклучително и пролив.
  • Употребата кај деца на возраст под 3 години не се препорачува, бидејќи ефикасноста и безбедноста не биле доволно испитани.

Ве молиме да се посоветувате со доктор и тогаш кога горенаведените укажувања се однесувале на Вас било кога во минатото.

Употреба на ИМУНОБОР со храна и пијалок

Имунобор се зема по јадење.

Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек.

Во минатото, екстракти од Cat’s claw се употребувале за спречување на бременост и за индукција на абортус.

ИМУНОБОР не се препорачува за примена за време на бременост и доење.

Влијание врз способноста за возење на автомобил или ракување машини:

Cat’s claw, составната компонента на ИМУНОБОР може да доведе до појава на вртоглавица, и може да влијае врз Вашата способност за возење и ракување со машини.

Важни информации за некои составни компоненти на ИМУНОБОР

Исто така, овој хербален лек содржи малтодекстрин. Доколку Вашиот доктор Ви кажал дека не можете да поднесувате одредени шеќери, потребно е да се посоветувате со докторот пред да почнете да го земате лекот ИМУНОБОР.

Земање на други лекови (на што треба да се внимава ако употребувате други лекови)

Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

ИМУНОБОР не се препорачува да се употребува истовремено со:

  • имуносупресивни лекови (лекови кои го намалуваат имунитетот) – (циклоспорин, кортикостероиди).
  • нестероидни анти-инфламаторни лекови (NSAIDs) (против воспалителни лекови), заради зголемениот ризик од крварење.
  • антикоагуланси (лекови кои го спречуваат згрушувањето на крвта) (хепарин, клопидогрел).
  • антиаритмици (лекови за регулирање на срцевиот ритам) (амијодарон, дигоксин).
  • антихипертензивни лекови (против висок крвен притисок) (верапамил).
  1. Како да се употребува хербалниот лек ИМУНОБОР

Дозирање

Возрасни

По една капсула, 3 пати на ден, во временски период од 10 дена, потоа дозата се намалува до 1 капсула на ден.

Деца над 6 години

По 1 капсула на ден.

Начин на употреба

Хербалниот лек ИМУНОБОР капсули се аплицира по јадење. При апликација на една капсула на ден се препорачува дозата од ИМУНОБОР да се земе наутро.

Ако имате впечаток дека ефектот на хербалниот лек ИМУНОБОР е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако сте земале поголема доза од ИМУНОБОР отколку што треба:

Ако сте земале поголема доза од ИМУНОБОР отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако се појават несакани дејства поради предозирање, потребно е да се консултира доктор или фармацевт.

Ако сте заборавиле да земете ИМУНОБОР

Ако сте заборавиле да земете ИМУНОБОР, земете го штом ќе се сетите за пропустот.

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

  1. Можни несакани дејства

Сите лекови може да предизвикаат несакани ефекти кај некои од пациентите.

Cat’s claw

Ретко се регистрирани несакани дејства при употреба на Cat’s claw во препорачаните дози.

Несакани дејства кои најчесто се јавуваат се: пролив, малаксаност и слабост.

Употребата на високи дози од Cat’s claw (3-4gr) кај некои лица може да доведе до појава на болка во стомакот или дигестивни нарушувања вклучително и пролив кој е со слаб интензитет и спонтано исчезнува со континуирана употреба на лекот.

Доколку некои од овие несакани дејства перзистира подолго од 3-4 дена треба да побарате совет од вашиот доктор кој ќе одлучи дали дозата од ИМУНОБОР треба да да се намали или третманот да се прекине.

Ако ви се јави некое од следните ретки тешки несакани дејства треба веднаш да се обратите кај вашиот доктор:

брадикардија (бавна срцева работа), нарушен срцев ритам, нарушена функција на бубрезите до акутно затајување на бубрезите, невропатија, пад на нивото на естроген и прогестерон, зголемен ризик од крварење, тешки алергиски реакции (реакции на преосетливост).

Херба Мате

Пријавени се случаи на зголемен крвен притисок (заради кофеинот кој се содржи во екстрактот од лист на херба мате). Може да се јават и несоница, нервоза, вознемиреност и стомачни тегоби.

По Деарко

Анемија (намален број на црвени крвни клетки), гадење, пролив, вртоглавица.

При апликација на многу високи дози може да се јави неконтролирано крварење и повраќање.

Ако приметите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство, Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт.

  1. Чување на хербалниот лек ИМУНОБОР

Да се чува на температура до 30°С заштитен од влага.

Да се чува на места недостапни за деца.

Рок на употреба

3 години.

Хербалниот лек не смее да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба што е наведен на пакувањето.

  1. Дополнителни информации

Активна супстанција:

Една капсула од 800mg содржи:

Cat’s claw (Uncaria tomentosa)…………………………………………….…………500mg

Екстракт од кора на По Деарко (Tabebuia impetiginosa)…………………………..50mg

Екстракт од корен на Мака (Lepidum Meyenii)………………………………………50mg

Екстракт од лист на Херба мате (Ilex paraguariensis)……………………..……….50mg

Помошни супстанции:

Малтодекстрин…………………………………………………………………………………………..50mg

Магнезиум стеарат……………………………………………………………………………………..10mg

Начин на издавање

Може да се издава само во аптека без рецепт (П1).

Име и адреса на носителот на одобрението за ставање во промет:

БОРОЛА ДОО Битола

ул. Црвена вода бр. 22

Име и адреса на производителот:

БОРОЛА ООД Софија 1632, ж.к.

Овча купел 2, бл. 2А

Датум на последна ревизија на внатрешното упатство

Март, 2012

Additional information

Тежина 0.048 lbs

Оценки

Се уште нема оценки.

Бидете први кои ќе дадете оценка “ИМУНОБОР”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *