Imunobor Broncho

Имунобор Бронхо капсули е граничен производ кој во својот состав како активни компоненти содржи 500mg екстракт од кора на мачкина канџа(Unicaria tomentosa bark.extr.) и 40mg екстракт од корен и лист на Ехинацеа( Echinacea purpurea).

Употребливо до: 02/2020

Категорија:

Опис

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

IMUNOBOR BRONCHO

Капсули

 

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитај го упатството.

  • Пред употреба на граничниот производ внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
  • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребено совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, IMUNOBOR BRONCHO капсули треба да го употребувате внимателно за да Ви биде што повеќе од корист.
  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.

                                                                                                       

Упатството содржи:

  1. Што претставува и за што се употребува граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули
  2. Што мора да знаете, пред да го употребите граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули
  3. Како да се употребува граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули
  4. Можни несакани дејства
  5. Чување и рок на употреба на граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули
  6. Дополнителни информации

 

  1. Што претставува и за што се употребува ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR BRONCHO капсули

 

IMUNOBOR BRONCHO капсули е граничен производ кој во својот состав како активни компоненти содржи екстракт од кора од Мачкина канџа (Uncaria tomentosa bark extr.) и екстракт од корен и лист на Ехинацеа ( Echinacea purpurea).

 

За екстрактите од мачкина канџа (Cat’s clow)- Uncaria tomentosa е докажано и потврдено дека поседуваат антиинфламаторно (антивоспалително) дејство,антимутагено, антивирално и антиоксидативно дејство. Екстрактите од Ехинацеа (Echinacea purpurea ) имаат имуностимулирачко, антиинфламаторно, антимикробно дејство (антибактериско,антивирално,антифунгално). Потоа антинеопластично дејство (како комплементарна терапија при хемотерапија), вунерабилно дејство (за заздравување на рани).

 

Граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули може да помогне и се препорачува:

  • за јакнење на организмот и спречување на појава на горни и долни респираторни инфекции,
  • кај вирусни, бактериски и фунгални инфекции : отитис медиа, фарингитис, синузитис, алергиски ринитис, настинка и грип, голема кашлица (пертусис), кандидијаза.
  • како имуностимулатор и како дополнителна терапија при хемотерапија.

 

 

  1. Што треба да знаете пред да ГО употребите ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR BRONCHO капсули

 

Немојте да го употребувате граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO КАПСУЛИ

  • ако сте алергични (преосетливи) на било која составна компонента на граничниот производ (наведени во делот 6);
  • ако имате прогресивно системско нарушување како што е саркоидоза и туберкулоза,
  • ако имате автоимуни заболувања како мултипла склероза и колагеноза,
  • ако сте имунодефициентни (HIV инфекција, AIDS) ,
  • ако земате било каква терапија што предизвикува супресија на Вашиот имунолошки систем, како што е терапија на карцином или сте имале трансплантација на орган или коскена срцевина;
  • ако сте бремени или ако доите.

 

Бидете посебно внимателни со граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO КАПСУЛИ:

 

  • Постојат податоци за антифертилен ефект на Cat’s clow , заради тоа граничниот производ Imunobor broncho не треба да го употребувате доколку планирате бременост (овој ефект на производот не е доволен за негова примена како контрацептивно средство ! ).
  • Cat’s clow содржи хемиски супстанции кои може да ја инхибираат агрегацијата на тромбоцитите и да доведат до нарушување на коагулацијата. Ако треба да Ви се изрши хируршка интервенција, терапијата со Imunobor broncho треба да се прекине најмалку 1 недела пред интервенцијата ( заради ризикот од зголемено крварење ).
  • Употребата на високи дози Cat’s clow (3-4 г.) кај некои лица може да доведе до појава на болка во стомакот или нарушување во дигестивниот систем вклучително и пролив.

 

Употреба кај деца: IMUNOBOR BRONCHO не се препорачува за употреба кај деца помали од 18 години, бидејќи ефикасноста и безбедноста не се доволно испитани.

 

Употреба со други лекови и медицински производи:

Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Imunobor Broncho не се препорачува да се употребува истовремено со:

  • имуносупресивни лекови (лекови кои го намалуваат имунитетот- циклоспорин, кортикостероиди )
  • нестероидни анти-инфламаторни лекови (лекови против воспаление), заради зголемен ризик од крварење.
  • Антикоагуланси (лекови кои го спречуваат згрушувањето на крвта – хепарин, клопидогрел)

 

 Земање на IMNOBOR BRONCHO капсули со храна или пијалок

 

Граничниот производ треба да се употребува после јадење.

 

Бременост и доење

 

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

 

Imunobor broncho не се препорачува за примена за време на бременост и доење.

 

Влијание врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини

 

Cat’s clow составната компонента на IMUNOBOR BRONCHO може да доведе до појава на вртоглавица и може да влијае на вашата способност за возење и ракување со машини.

 

Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули

 

Помошните компоненти во граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO  капсули  не предизвикуваат некои несакани ефекти врз здравјето.

 

  1. Како да СЕ употребува ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR BRONCHO

 

Секогаш употребувајте IMUNOBOR BRONCHO капсули според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

 

Возрасни:

По 1 капсула до три пати дневно, после јадење.

 

Ако сте употребиле повеќе IMUNOBOR BRONCHO капсули од препорачаното

 

Не земајте поголеми дози од препорачаните за Вас. Ако сте земале поголема доза отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт.

 

Ако сте заборавиле да земете IMUNOBOR BRONCHO капсули:

 

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.

Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза.

 

Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт.

 

  1. Можни несакани дејства

 

Како и сите медицински производи и IMUNOBOR BRONCHO капсули може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти.

 

Алергиски реакции

Многу ретко може да се јават алергиски реакции кај преосетливи лица како што се контактен дерматитис.

Ако се јави алергиска реакција, престанете со земање на граничниот производ и советувајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Гастроинтестиални нарушувања

Многу ретко може да дојде до појава на стомачна болка или дијареа (пролив), малаксаност, слабост.(доколку се употребуваат поголеми дози на Cat’s clow 3-4 g)

 

Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на вашиот лекар или фармацевт.

 

 

  1. Чување И РОК НА УПОТРЕБА на граничниот производ IMUNOBOR broncho капсули

 

Да се чува на температура до 250С, во оригинално пакување, на места заштитени од светлина.

 

Граничниот производ да се чува на места подалеку од поглед и дофат на деца.

 

Рок на употреба

Датумот на истек на рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по изминување на рокот на употреба наведен на пакувањето. Истекувањето на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

 

Медицинските производи не треба да се фрлаат во отпадна вода ниту во смет од домаќинството. Прашајте го Вашиот фармацевт како да ги отстраните медицинските производи кои повеќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат да се заштити околината.

 

 

  1. ДОполнителни ИНФОРМАЦИИ

 

Што содржи граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули

 

Активни супстанции: Екстракт од кора на мачкина канџа (Cat’s clow ); Екстракт од корен и лист на Ехинацеа (Echinacea purpurea ).

 

Една капсула содржи:

  • Екстракт од кора на мачкина канџа (Unicaria tomentosa bark.extr.) – 500 mg
  • Екстракт од корен и лист на Ехинацеа (Echinacea purpurea ) – 40 mg

 

Помошни супстанции:

Растителна капсула:(хидроксипропил-метилцелулоза; вештачки обојувач- титаниум диоксид).Средтво за дополнување :(магнезиум стеарат).

 

 

 

Како изгледа и што содржи пакувањето во граничниот производ IMUNOBOR BRONCHO капсули

 

Капсули.

 

Пластичен контејнер со 30 капсули/кутија.

 

Производител на граничниот производ   

 

Борола ООД ,Бугарија

Софија 1632, ж.к Овча купел 2, бл.2 А

 

Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет

 

Борола ДОО , Битола

ул.Црвена вода бр. 22 Битола Р.Македонија

 

Начин на издавање

Граничниот производ се издава во аптека, без лекарски рецепт (БР).

 

 

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи:

    11-6655/2 од 26.07.2017

 

 

Датум на последна ревизија на упатството за употреба

Упатство е одобрено јули 2017

Оценки

Се уште нема оценки.

Бидете први кои ќе дадете оценка “Imunobor Broncho”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *