Description
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
IMUNOBOR URO
Капсули
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитај го упатството.
- Пред употреба на граничниот производ внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
- Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребено совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, IMUNOBOR URO капсулите треба да го употребувате внимателно за да Ви биде што повеќе од корист.
- Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
- Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.
Упатството содржи:
- Што претставува и за што се употребува граничниот производ IMUNOBOR URO капсули
- Што мора да знаете, пред да го употребите граничниот производ IMUNOBOR URO капсули
- Како да се употребува граничниот производ IMUNOBOR URO капсули
- Можни несакани дејства
- Чување и рок на употреба на граничниот производ IMUNOBOR URO капсули
- Дополнителни информации
- Што претставува и за што се употребува ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR URO КАПСУЛИ
IMUNOBOR URO капсули е граничен производ кој во својот состав како активни компоненти содржи Бета глукан (80%) -добиен од клеточниот ѕид на квасец Saccharomyces cerevisiae , екстракт од плодови на црвена американска боровинка – Cranberry (Vaccinium macrocarpon )-(12% PAC).
За Beta glucan е докажано и потврдено имуномодулирачкото дејството. Учествува во подобрување на имунолошкиот систем, додека црвената американска боровинка (Vaccinium macrocarpon),преку проантоцијанидините тип А, означени како PAC, дејствува антиатхезивно и антимикробно,притоа не дозволувајќи лепење на бактериите за слузницата на уринарниот тракт. Делува и во промена на PH на урината (во кисела PH ), преку конверзија на бензоичната киселина во хипурна киселина.
Граничниот производ IMUNOBOR URO капсули може да помогне и се препорачува за:
- профилакса (спречување) од бактериски инфекции на уринарниот тракт , со одржување на алкално-киселата рамнотежа на истиот и создавање услови за здрава слузница.
- Има благопријатен ефект врз дејноста на имунолошкиот систем
- Што треба да знаете пред да ГО употребите ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR URO капсули
Немојте да го употребувате граничниот производ IMUNOBOR URO КАПСУЛИ:
- ако сте алергични (преосетливи) на било која составна компонента на граничниот производ (наведени во делот 6);
Бидете посебно внимателни со граничниот производ IMUNOBOR URO капсули:
– ако симптомите на уринарната инфекција не се намалат во текот на употребата на IMUNOBOR URO капсулите или симптомите се влошат, консултирајте се со Вашиот лекар;
- ако имате нарушување на згрутчувањето (коагулацијата) на крвта,поради присуство на салицилна киселина во црвената боровинка, треба внимателна употреба со совет од лекар.
- ако имате историја за формирање на оксалатни камења во бубрезите, треба внимателно да се следи пропишаната доза.
Употреба кај деца: Капсулите се препорачуваат за употреба кај деца над 1 годишна возраст.
Употреба со други лекови и медицински производи:
IMUNOBOR URO капсули може да ги зголемат ефектите на антикоагулантните лекови (лекови против згрутчување на крвта) како што се кумаринските деривати (варфарин).
Истовремена употреба со салицилати и други нестероидни антиинфламаторни лекови не се препорачува без совет од лекар.Истовремена употреба со лекови инхибитори на протонската пумпа, може да доведе до намалување на нивната ефикасност.
Земање на IMUNOBOR URO капсули со храна или пијалок
Граничниот производ треба да се употребува пред јадење; храната може да го намали ефектот на граничниот производ.
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
Капсулите IMUNOBOR URO, може да се употребуваат во тек на бременост и доење, бидејќи не се докажани некои несакани дејства во однос на составните компоненти.
Влијание врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини
Нема податоци за влијанието на IMUNOBOR URO капсулите врз способноста за возење или ракување со машини.
Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ IMUNOBOR URO капсули
Граничниот производ IMUNOBOR URO капсули во својот состав како помошни компоненти содржи добро познати ексципиенси, кои не претставуваат ризик по здравјето на хуманата популација, ниту пак поседуваат сигнификантен потенцијал за интеракции со други лекови.
- Како да СЕ употребува ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR URO КАПСУЛИ
Секогаш употребувајте IMUNOBOR URO капсули според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Возрасни:
По една растителна капсула до два пати дневно, пред јадење.
Деца: Над 1 година, по една растителна капсула дневно, пред јадење.
Ако сте употребиле повеќе IMUNOBOR URO капсули од препорачаното
Не земајте поголеми дози од препорачаните за Вас.
Ако сте заборавиле да земете IMUNOBOR URO капсули:
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.
Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза.
Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт.
- Можни несакани дејства
Како и сите медицински производи и IMUNOBOR URO капсули може да има несакани дејства, иако се многу ретки и истите не се јавуваат кај сите пациенти.
Алергиски реакции
Досегашните клинички искуства од употребата на екстракт од плод од црвена боровинка и Бета глукан добиен од Saccharomyces cerevisiae ,укажуваат на исклучително ниска инциденца на алергиски реакции и несакани дејства.
Ако се јави алергиска реакција, престанете со земање на граничниот производ и советувајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Гастроинтестиални нарушувања
Многу ретко (и тоа пред се ако се применува во високи дози) може да дојде до појава на блага гастроинтестинална вознемиреност кај многу чувствителни лица.
Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на вашиот лекар или фармацевт.
- Чување И РОК НА УПОТРЕБА на граничниот производ IMUNOBOR URO капсули
Да се чува на температура до 250С, во оригинално пакување, на места заштитени од светлина.
Граничниот производ да се чува на места подалеку од поглед и дофат на деца.
Рок на употреба
Датумот на истек на рокот на употреба е означен на пакувањето. Да не се употребува по изминување на рокот на употреба наведен на пакувањето. Истекувањето на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.
Медицинските производи не треба да се фрлаат во отпадна вода ниту во смет од домаќинството. Прашајте го Вашиот фармацевт како да ги отстраните медицинските производи кои повеќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат да се заштити околината.
- ДОполнителни ИНФОРМАЦИИ
Што содржи граничниот производ IMUNOBOR URO капсули
Активни супстанции: Beta glucan (80%)- добиен од клеточниот ѕид на квасец Saccharomyces cerevisiae; екстракт од плодови на црвена американска боровинка (Vaccinium macrocarpon)- (12% PAC).
Една капсула содржи:
- Beta glucan (80%) 300 mg
- екстракт од плодови на црвена американска боровинка-Vaccinium macrocarpon – 12 % PAC ( проантоцијанидин тип А ) 150 mg (18 mg PAC )
Помошни супстанции:
растителна капсула: (хидроксипропил метилцелулоза, вештачки обојувач – титаниум диоксид) ; средство за дополнување 🙁 малтодекстрин и магнезиум стеарат).
Како изгледа и што содржи пакувањето во граничниот производ IMUNOBOR URO КАПСУЛИ
Пластичен контејнер со 30 капсули/кутија.
Производител на граничниот производ
Борола ООД
Софија 1632, ж.к. Овча купел 2, бл.2А
Тел.02/91 56 123 ; www.borola.com
Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет
Борола ДОО
Црвена Вода бр.22 Битола
Р.Македонија
Тел. 047/22 93 62
Начин на издавање
Граничниот производ се издава во аптека, без лекарски рецепт (БР).
Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи:
бр.11-6220/2 од 05.07.2017
Датум на последна ревизија на упатството за употреба
Јули 2017.
Reviews
There are no reviews yet.