КАМАГРА

30 капсули

Претставува хербален лек кој во својот состав има неколку активни сустанции кои синергистички (заедно) делуваат и помагаат за подобрување на сексуалната функција кај мажи. Хербалниот лек Камагра се употребува кај мажи за:

  • Контрола (спречување) на прерана ејакулација
  • При еректилна дисфункција за постигнување и одржување на ерекција
  • Подобрување на сексуалната способност и либидо
  • Подобрување на психичката и физичката сила
  • Зголемување на бројот и подвижноста на сперматозоиди

Употребливо до: 01/2020

Опис

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТОТ

КАМАГРА®/KAMAGRA® капсули

Пред употреба на хербалниот лек внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.

Овој хербален лек се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребно совет од доктор. И покрај тоа, треба да го употребувате внимателно за да Ви биде што повеќе од корист.

  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.
  • Ако Вашата состојба не се подобри, тогаш мора да побарате совет од доктор.

Внатрешното упатство содржи:

  1. Што претставува хербалниот лек КАМАГРА и за што се употребува
  2. Што треба да знаете, пред да го земете хербалниот лек КАМАГРА
  3. Како да го земате хербалниот лек КАМАГРА
  4. Можни несакани дејства
  5. Чување и рок на употреба на КАМАГРА
  6. Дополнителни информации
  1. Што претставува хербалниот лек КАМАГРА и за што се употребува

КАМАГРА капсулите претставуваат природен хербален лек кој во својот состав има неколку активни супстанции кои синергистички (заедно) делуваат и помагаат за подобрување на сексуалната функција кај мажи.

Л-аргинин доведува до создавање на азот моноксид и ја подобрува синтезата на протеини. Азотниот моноксид ги дилатира (шири) крвните садови на машкиот полов орган што резултира со подобрено снабдување со крв и ерекција.

Јохимбе го зголемува либидото и квалитетот на ерекцијата. Има поволен ефект кај мажи со сексуално нарушување од васкуларно/психичко потекло и со дијабетес.

Трибулус терестрис – нехормонски екстракт со андроген ефект. Го зголемува нивото на тестостерон (машки полов хормон). Го јакне либидото, го продолжува времетраењето на ерекција. Го зголемува бројот и подвижноста на сперматозоиди.

Жен шен го потенцира ефектот на азотниот моноксид, ја зголемува физичката сила, ја намалува малаксаноста, го стимулира имуниот системи, има поволен ефект врз општата состојба на организмот.

Хербалниот лек КАМАГРА се употребува кај мажи за:

  • Контрола (спречување) на прерана ејакулација
  • При еректилна дисфункција за постигнување и одржување на ерекција
  • Подобрување на сексуалната способност и либидото
  • Подобрување на психичката и физичката сила
  • Зголемување на бројот и подвижноста на сперматозоиди.
  1. Што треба да знаете пред да го употребите хербалниот лек КАМАГРА

Немојте да го употребувате КАМАГРА ако:

  • сте преосетливи кон активните супстанции или било која друга помошна состојка на препаратот
  • имате низок крвен притисок
  • имате нарушена функција на бубрезите
  • Во недостиг на податоци за безбедност од употреба, хербалниот лек КАМАГРА не се препорачува за употреба кај деца под 18 години..

Бидете посебно внимателни со КАМАГРА:

  • Хируршки интервенции; ако треба да ви се изврши хируршка интервенција, терапијата со КАМАГРА треба да ја прекинете пред изведување на хируршката интервенција (заради ризикот од зголемено крварење).
  • Пациентите со историја на преосетливост треба да се посебно внимателни при употреба на хербалниот лек.
  • Нарушувања на коагулацијата (згрушување на крвта); употребата на жен шен може да доведе до влошување на крварењето. Ако имате нарушување на коагулацијата не треба да го употребувате КАМАГРА.
  • Оштетена функција на бубрезите и/или црниот дроб. Препаратите кои содржат аргинин може да влијаат врз нивото на калиум, посебно кај пациенти со оштетена функција на црниот дроб. КАМАГРА не се препорачува за употреба кај оваа група на пациенти.
  • Дијабетес; некои од составните компоненти на КАМАГРА (аргинин, жен шен) може да интерферираат со контролата на гликемијата (да го зголемат или намалат нивото на шеќер во Вашата крв). Ако имате дијабетес треба редовно да правите контрола на нивото на шеќер во крвта.
  • Л-аргинин може да предизвика влошување на состојбата кај пациенти со српеста анемија.
  • Ако сте бремена, планирате бременост или доите.

Ве молиме да се посоветувате со доктор и тогаш кога горенаведените укажувања се однесуваат на Вас било кога во минатото.

Употреба на КАМАГРА со храна или пијалок

КАМАГРА се зема по јадење.

Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек.

КАМАГРА е хербален лек наменет за употреба кај мажи.

КАМАГРА не се препорачува за примена за време на бременост и доење.

Влијание врз способноста за возење на автомобил или ракување машини:

Не е испитано влијанието на КАМАГРА врз способноста за возење и ракување со машини.

Важни информации за некои составни компоненти на КАМАГРА

Исто така, овој хербален лек содржи малтодекстрин. Доколку Вашиот доктор Ви кажал дека не можете да поднесувате одредени шеќери, потребно е да се посоветувате со докторот пред да почнете да го земате КАМАГРА.

Земање на други лекови (на што треба да се внимава ако употребувате други лекови)

Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

КАМАГРА може да влијае врз ефектот на некои лекови:

  • жен шен може да влијае врз ефектот на лековите кои се метаболизираат преку црниот дроб (супстрати на Р450);
  • жен шен може да го потенцира ефектот на дигоксин, нифедипин (комбинираната терапија резултира со зголемени несакани ефекти), на псеудоефедрин, стимулаторите на централниот нервен систем (како метилфенилат);
  • истовремената употреба на препарати кои содржат жен шен и фенелзин може да доведе до појава на главоболка, тремор, инсомнија или манија;
  • антикоагулантни лекови (лекови кои го спречуваат згрушувањето на крвта: варфарин, клопидогрел). Л-аргинин и жен шен го зголемуваат ризикот од крварење;
  • при истовремена употреба на Л-аргинин со некои диуретици (лекови кои го зголемуваат мокрењето како спиронолактон) или антихипертензиви (лекови против висок крвен притисок: еналаприл) може да дојде до зголемување на нивото на калиум во крвта;
  • Л-аргинин треба внимателно да се употребува кај пациенти кои се на терапија со нитроглицерин (заради ризикот од пад на крвниот притисок)
  • ибупрофен (против воспалителни лекови);
  • антидијабетици (лекови за третман на дијабетес);
  • седативи;
  • антидепресивни лекови;
  • амфетамин.
  1. Како да се употребува хербалниот лек КАМАГРА

Дозирање

По една капсула од 800mg, 23 пати на ден.

Начин на употреба

Хербалниот лек КАМАГРА капсули се аплицира по јадење.

Дејството на КАМАГРА не настапува веднаш. Хебалниот лек е наменет за долготрајно решавање на сексуалната дисфункционалност. Потребно е да поминат 4 недели од почетокот на апликацијата на КАМАГРА за да се постигне целосен и задоволителен ефект.

Ако имате впечаток дека ефектот на хербалниот лек КАМАГРА е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако сте земале поголема доза од КАМАГРА отколку што треба:

Ако сте земале поголема доза од КАМАГРА отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако се појават несакани дејства поради предозирање, потребно е да се консултира доктор или фармацевт.

Ако сте заборавиле да го земете КАМАГРА

Ако сте заборавиле да го земете КАМАГРА, земете го штом ќе се сетите за пропустот.

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

  1. Можни несакани дејства

Сите лекови може да предизвикаат несакани ефекти кај некои од пациентите.

Л-аргинин

Несаканите дејства се јавуваат повремено и се со слаб интензитет. Можни несакани дејства кои се пријавени при употреба на Л-аргинин се: болка во стомакот, надуеност и пролив. Кај пациенти со астма може да се јави влошување на симптомите.

Други несакани дејства на Л-аргинин се: хипотензија (намален крвен притисок) и промена на електролитниот статус: хипокалемија (ниско ниво на калиум), хиперхлорхидрија (високо ниво на хлор), хипонатриемија (ниско ниво на натриум), хипофосфатемија (ниско ниво на фосфор), високо ниво на креатинин. Посебен ризик за појава на овие несакани дејства постои кај пациентите со оштетена функција на бубрезите и/или црниот дроб.

Ако ви се јави некое од следните ретки тешки несакани дејства треба веднаш да се обратите кај вашиот доктор:

Реакција на преосетливост која се манифестира како кожен исип, чешање, отекување на лицето, бронхоспазам (стегање и свирење во градите, краток здив), астма, Stevens Johnson-ов синдром (кожна реакција со нарушување кое е резултат на алергиска реакција предизвикана од многу различни причини), анафилактичен шок.

Трибулус терестрис

Многу ретко се пријавени несакани ефекти. Може да се јави гинекомастија (масни наслаги на половите органи и градите) заради андрогено-анаболичниот ефект.

Јохимбе

Пријавени се: вртоглавица, главоболка, несоница и нервоза. Апликацијата на високи дози може да резултира со хипертензија (висок крвен притисок) и тахикардија (забрзана срцева работа). При примена на високи дози пријавени се и тешки несакани ефекти како: екстремна слабост, нервна стимулација (парализи дури и смртни случаи).

Жен шен

Стандардизираниот екстракт од жен шен добро се поднесува при придржување до препорачаниот режим на дозирање.

Кај некои пациенти може да се јават кожни нарушувања (јадеж и појава на црвени плаки по кожата) и осетливост на градите. При долготрајна употреба регистрирана е појава на стомачни тегоби, пролив, гадење, повраќање, намален апетит, крварење од носот.

Ако приметите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство, Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт.

  1. Чување на хербалниот лек КАМАГРА

Да се чува во оригиналното пакување на температура до 30°С заштитен од влага.

Да се чува на места недостапни за деца.

Рок на употреба

3 години.

Хербалниот лек не смее да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба што е наведен на пакувањето.

Начин на издавање

Може да се издава само во аптека без рецепт (П1).

Активна супстанција:

Една капсула од 800mg содржи стандардизирани екстракти од:

L-аргинин……………………………………………………………………..250mg

Yohimbe (10% екстракт)………………………………………………….50mg

Tribulus Terrestris………………………………………………………….150mg

Giengseng…………………………………………………………………….150mg

Помошни супстанции:

Магнезиум стеарат…………………………………………………………..5mg

Малтодекстрин……………………………………………………………….75mg

Желатинска капсула……………………………………………………..120mg

Име и адреса на носителот на одобрението за ставање во промет:

БОРОЛА ДОО Битола

Ул. Црвена вода бр. 22

Име и адреса на производителот:

БОРОЛА ООД Софија 1632, ж.к.

Овча купел 2, бл. 2А

Датум на последна ревизија на внатрешното упатство

Март 2012.

Оценки

Се уште нема оценки.

Бидете први кои ќе дадете оценка “КАМАГРА”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *