ФЕМИНОРМ ОСТЕО

30 растителни капсули

За менопауза и здрави коски
Феминорм Остео содржи полна комбинација од моќни фитоестрогени (структурно и функционално ги надополнуваат женските полови хормони) и активна форма на витамин Д. Природните состојки на производот придонесуваат за благопријатниот ефект врз функцијата на женскиот полов систем и намалување на менопаузалните тегоби. Исто така делуваат врз коскеното ткиво, со тоа што витаминот Д овозможува полесно усвојување на калциумот. Придонесува за полесно надминување на остеопорозата и менопаузалните тегоби.

Употребливо до : 02/2019

554.00 ден

Опис

Feminorm Osteo/ Феминорм Остео

Што содржи Феминорм Остео ?

Феминорм Остео содржи два фитоестрогени : Trifolium pratense 250 mg и Cimicifuga rasemosa 30 mg и Vitamin D како холекалциферол 400 IU(10 µg).

Како делува Феминорм Остео ?

Фитоестрогените во Феминорм Остео структурно и функционално го надополнуваат женскиот полов хормон – естрадиол, така што селективно се врзуваат за специфичните естрогени бета рецептори и го надоместуваат хормоналниот дисбаланс во женскиот организам за време на менопауза.
Фитоестрогените влијаат благопријатно врз коскеното ткиво и врзувањето на калциумот. Истовремено со фитоестрогените делува и витаминот Д, преку неговата активна форма вит. D3 (холекалциферол). Тој го помага врзувањето на калциумот и фосфорот во коскеното ткиво и го подобрува тонусот на мускулите.

Кога да земеме Феминорм Остео ?

Феминорм Остео добро е да се зема за рана превенција од остеопороза, кај остеопенија и остеопороза, после 5-годишен прием на Феминорм или Феминорм Дуо и после престанокот со лечење со синтетски хормони.

Како да се употребува Феминорм Остео ?

Се зема по 1 растителна капсула на ден.

Оценки

Се уште нема оценки.

Бидете први кои ќе дадете оценка “ФЕМИНОРМ ОСТЕО”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *