ЏИНЏИРА АЛБА СПРЕЈ

100ml спреj

GinGira®Alba 100ml/ ЏинЏира®Алба 100ml

Ја смирува и заштитува кожата

ЏинЏира Алба спреј е козметички производ. Содржи цинк оксид, хидратанти и емолиенти. Ја смирува кожата, ја навлажнува и омекнува, ја штити од надразнувања. Производот е произведен во високотехнолошка форма – козметичка емулзија во вид на спреј, по иновативна патентирана технологија. Удобен е за употреба, не ја валка и не ја суши кожата.

100 ml спреј

594.00 ден

Description

GinGira®Alba 100ml / ЏинЏира®Алба 100ml

ЏинЏира Алба спреј е производ од козметичката линија GinGira.

Содржи активна состојка цинк оксид, хидратантни компоненти и емолиенти.

Дејство:

  • ЏинЏира Алба спреј ја тонизира, навлажнува, омекнува и ја одржува во добра состојба, како деликатната и нежна детска кожа, така и кожата на возрасните.
  • Ја заштитува кожата од штетното дејство на неповолните надворешни фактори, изложеност на сонце, после козметички процедури и др.
  • ЏинЏира Алба спреј е козметички производ со одбран и балансиран состав, кој ја заштитува кожата од надразнување и ја одржува во добра состојба.
  • Покажува смирувачко, навлажнувачко и омекнувачко дејство. Активната состојка – цинк оксид, создава заштитен филм, кој ја заштитува кожата од неповолните дејства на околината.
  • Хидратантите и емолиентите ја имитираат природната водено-липидна бариера, при што ја смируваат, навлажнуваат, омекнуваат и ја подобруваат еластичноста на кожата. Взаемно се надополнуваат и го засилуваат ефектот на цинк оксидот.
  • Цинк оксидот се користи и како физички филтер на ултравиолетовите зраци во козметиката за заштита од сонце за деца и возрасни, бидејќи ги неутрализира штетните ултравиолетови зраци од сонцето и така ја заштитува, како кожата на возрасните, така и нежната и деликатна детска кожа.

Дозирање:

  • ЏинЏира Алба спреј се употребува кај деца и возрасни до 6 пати дневно.
  • Рамномерно се нанесува на засегнатиот дел од кожата. По потреба може да се втрие во кожата. Може долготрајно да се користи.

Флаконот ЏинЏира Алба пред употреба треба добро да се промеша.

Чување:

Во оригиналното пакување, на температура до 25оС, на места недостапни за деца.

Предности:

  • Претставува високотехнолошка форма – емулзија во форма на спреј по иновативна патентирана технологија.
  • Удобен е за употреба, не ја валка и не ја суши кожата.
  • ЏинЏира Алба не содржи конзерванси, бои и ароматизатори.
  • Има брзо дејство и може да се користи долготрајно.
  • Погоден е за деца и за возрасни.

Additional information

Weight 0.149 lbs

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “ЏИНЏИРА АЛБА СПРЕЈ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *