ЕНТАН

30 растителни капсули

Претставува природен хербален лек (растителен лек), кој се препорачува за подобрување на крвоснабдувањето во мозокот, периферната циркулација (има посебно поволен ефект врз малите крвни садови (и подобрување на слухот).

Употребливо до: 05/2019

Опис

УПАТСТВО ВО ПАКУВАЊЕТО/ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАЦИЕНТОТ

ЕНТАН®/ENTAN® капсули

Пред употреба на хербалниот лек внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.

Овој хербален лек се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребно совет од доктор. И покрај тоа, треба да го употребувате внимателно за да Ви биде што повеќе од корист.

  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Советувајте се со Вашиот фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.
  • Ако симптомите не се повлечат во рок од 10 дена, тогаш мора да појдете на доктор.

Внатрешното упатство содржи:

  1. Што претставува хербалниот лек ЕНТАН и за што се употребува
  2. Што треба да знаете, пред да го земете хербалниот лек ЕНТАН
  3. Како да го земате хербалниот лек ЕНТАН
  4. Можни несакани дејства
  5. Чување и рок на употреба на ЕНТАН
  6. Дополнителни информации
  1. Што претставува хербалниот лек ЕНТАН и за што се употребува

Ентан капсулите претставуваат природен хербален лек (растителен лек) кој се препорачува за подобрување на крвоснабдувањето во мозокот, периферната циркулација (има посебно поволен ефект врз малите крвни садови) и подобрување на слухот.

ЕНТАН капсулите се употребуваат при:

  • Нарушена циркулација на ретината (го намалува отокот и оштетувањето на клетките од ретината),
  • Хронична венска и лимфна инсуфициенција на долните екстремитети: варикозни вени (проширени вени), улцери (чиреви) на нозете,
  • Оштетување на периферните крвни садови,
  • Вртоглавица и зуење во ушите,
  • Отоци по операција или траума,
  • Атеросклероза на крвните садови во мозокот и после мозочен удар,
  • Намалена меморија и концентрација.
  1. Што треба да знаете пред да го употребите хербалниот лек ЕНТАН

Немојте да го употребувате ЕНТАН ако:

  • Сте преосетливи кон активните супстанции или било која друга помошна состојка на препаратот.
  • Во недостиг на податоци за безбедност од употреба, лекот ЕНТАН не се препорачува за употреба кај деца.

Бидете посебно внимателни со ЕНТАН:

  • Хируршки интервенции; ако треба да ви се изврши хируршка интервенција, терапијата со ЕНТАН треба да ја прекинете најмалку 2 недели пред хируршката интервенција (заради ризикот од зголемено крварење).
  • Епилепсија; употребата на гинко билоба може да предизвика појава на напади. Ако во минатото сте имале епилептичен напад не треба да го употребувате лекот.
  • Дијабетес; гинко билоба може да влијае врз нивото на шеќер во вашата крв. Ако имате дијабетес треба редовно да правите контрола на нивото на шеќер во крвта.
  • Нарушувања на коагулацијата (згрушување на крвта); употребата на гинко билоба може да доведе до влошување на крварењето. ЕНТАН не се препорачува за употреба кај пациенти со нарушена коагулација.
  • Ако сте бремена, планирате бременост или доите.

Ве молиме да се посоветувате со доктор и тогаш кога горенаведените укажувања се однесуваат на Вас било кога во минатото.

Употреба на ЕНТАН со храна или пијалок

ЕНТАН се зема по јадење.

Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек.

Употребата на екстракт од лист на гинко билоба во последниот триместар од бременоста може да резултира со појава на предвремено пораѓање или зголемено крварење за време на пораѓајот.

ЕНТАН не се препорачува за примена за време на бременост и доење.

Влијание врз способноста за возење на автомобил или ракување машини:

Не е испитано влијанието на ЕНТАН врз способноста за возење и ракување со машини.

Важни информации за некои составни компоненти на ЕНТАН

Исто така, овој хербален лек содржи малтодекстрин. Доколку Вашиот доктор Ви кажал дека не можете да поднесувате одредени шеќери, потребно е да се посоветувате со докторот пред да почнете да го земате ЕНТАН.

Земање на други лекови (на што треба да се внимава ако употребувате други лекови)

Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

ЕНТАН може да влијае врз ефектот на некои лекови:

  • лекови кои се метаболизираат преку црниот дроб (супстрати на Р450);
  • антиконвулзивни лекови (лекови против епилепсија);
  • антидепресиви (лекови за лекување на депресија: МАО инхибитори, инхибитори на повторното превземање на серотонин);
  • антихипертензиви (против висок крвен притисок: нифедипин, Ca блокатори);
  • антикоагулантни лекови (лекови кои го спречуваат згрушувањето на крвта: хепарин, клопидогрел);
  • ибупрофен (против воспалителни лекови);
  • имуносупресивни лекови (лекови кои го намалуваат имунитетот: циклоспорин);
  • тијазидни диуретици (го зголемуваат мокрењето);
  • тразодон;
  • антидијабетици (лекови за третман на дијабетес).
  1. Како се употребува хербалниот лек ЕНТАН

Дозирање

По една капсула од 120mg, 1-2 пати на ден.

Начин на употреба

Лекот ЕНТАН капсули се аплицира по јадење.

Ако имате впечаток дека ефектот на хербалниот лек ЕНТАН е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако сте земале поголема доза од ЕНТАН отколку што треба:

Ако сте земале поголема доза од ЕНТАН отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако се појават несакани дејства поради предозирање, потребно е да се консултира доктор или фармацевт.

Ако сте заборавиле да го земете ЕНТАН

Ако сте заборавиле да го земете ЕНТАН, земете го штом ќе се сетите за пропустот.

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

  1. Можни несакани дејства

Сите лекови може да предизвикаат несакани ефекти кај некои од пациентите.

Стандардизираниот екстракт од лист на гинко билоба добро се поднесува при придржување до препорачаниот режим на дозирање.

Несаканите дејства се јавуваат повремено и се со слаб интензитет: гадење, главоболка, дигестивни тегоби и пролив.

Ретко се пријавени алергиски кожни реакции (реакции на преосетливост).

Пријавени се изолирани случаи на внатрешно крварење кај лица кои употребувале гинко билоба. Не е разјаснето дали хеморагијата се должи на употребата на гинко билоба или истовремената примена на антикоагулантни лекови.

Ако ви се јави некое од следните ретки тешки несакани дејства треба веднаш да се обратите кај вашиот доктор:

Реакција на преосетливост која се манифестира како кожен исип, чешање, отекување на лицето, бронхоспазам (стегање и свирење во градите, краток здив), астма, Stevens Johnson-ов синдром (кожна реакција со нарушување кое е резултат на алергиска реакција предизвикана од многу различни причини), анафилактичен шок.

Ако приметите било какви несакани дејства кои не се споменати во ова упатство, Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт.

  1. Чување на хербалниот лек ЕНТАН

Да се чува на температура до 25°С заштитен од влага.

Да се чува на места недостапни за деца.

Рок на употреба

3 години.

Хербалниот лек не смее да се употребува по датумот на истекот на рокот на употреба што е наведен на пакувањето.

Начин на издавање

Може да се издава само во аптека без рецепт (П1).

Активна супстанција:

Една капсула од 120mg содржи:

Стандардизиран екстракт од лист на Гинко билоба (24%6%)……………………..40mg

96% екстракт од семки на грозје……………………………………………………………….84mg

(еквивалентно на 80mg проантоцијанидин).

Помошни супстанции:

Магнезиум стеарат………………………………………………………………………..11mg (Ph.Eur)

Малтодекстрин………………………………………………………………………………70mg (Ph.Eur)

Растителна капсула…………………………………………………………..95mg /± 6mg/ (Ph.Eur)

Име и адреса на носителот на одобрението за ставање во промет:

БОРОЛА ДОО Битола

Ул. Црвена вода бр. 22

Име и адреса на производителот:

БОРОЛА ООД Софија 1632, ж.к.

Овча купел 2, бл. 2А

Датум на последна ревизија на внатрешното упатство

Март 2012.

Additional information

Тежина 0.038 lbs

Оценки

Се уште нема оценки.

Бидете први кои ќе дадете оценка “ЕНТАН”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *