Imunobor Uro Akut

Активно им помага на уринарните патишта. Прв избор за здрава и отпорна лигавица на уринарните патишта. Дејствува од првиот ден на прием.

Употребливо до: 02/2019

Категорија:

Опис

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

IMUNOBOR URO AKUT Капсули

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитај го упатството

  • Пред употреба на граничниот производ внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас
  • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребно совет од лекар. Меѓутоа и покрај тоа, IMUNOBOR URO AKUT капсулите треба да ги употребувате внимателно за да ви биде што повеќе од корист.
  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.

Упатството содржи:

  1. Што претставува и за што се употребува граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули
  2. Што мора да знаете, пред да го употребите граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули
  3. Како се употребува граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули
  4. Можни и несакани дејства
  5. Чување и рок на употреба на граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули
  6. Дополнителни информации

 ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR URO AKUT КАПСУЛИ

IMUNOBOR URO AKUT капсули е граничен производ кој во својот состав како активна компонента содржи, екстракт од плодови на црвена американска боровинка – Cranberry (Vaccnium macrocarpon)-(12% PAC).

Црвената американска боровинка (Vaccnium macrocarpon) преку проантоцијанидините тип А, означени како РАС, дејствува антиатхезивно и антимикробно, притоа не дозволувајќи лепење на бактериите за слузницата на мокрачните патишта. Делува и во промена на РН на урината (во кисела РН), преку конверзија на бензоичната киселина во хипурна киселина. Активно помага на функцијата на уринарниот тракт, придонесува за одржување на здрава и издржлива слузница и нормална алкално-кисела рамнотежа на урината.

Граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули може да помогне и се препорачува за:

  • профилакса (спречување) од бактериски инфекции на уринарниот тракт, кај акутен цистит, уретрит, акутни уринарни инфекции, асимптоматска бактериурија, склоност кон чести инфекции.

 ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR URO AKUT КАПСУЛИ

              Немојте да го употребувате граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули:

  • ако сте алергични (преосетливи) на било која составна компонента на граничниот производ (наведени во делот б);

Бидете посебно внимателни со граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули:

  • ако симптомите на уринарна инфекција не се намалат во текот на употребата на IMUNOBOR URO AKUT капсулите или симптомите се влошат, консултирајте се со Вашиот лекар;
  • ако имате нарушување во згрутчувањето (коагулацијата) на крвта, поради присуство на салицилна киселина во црвената боровинка, треба внимателна употреба со совет од лекар;
  • ако имате историја за формирање оксалатни камења во бубрезите, треба внимателно да се следи пропишаната доза

 

Употреба кај деца:

Капсулите се препорачуваат за употреба кај деца над 1 годишна возраст

Употреба со други лекови и медицински производи:

IMUNOBOR URO AKUT капсулите може да ги зголемат ефектите на антикоангулантните лекови (лекови против згрутчување на крвта) како што се кумаринските деривати (варфарин). Истовремена употреба со салицилати и други нестероидни антиинфламаторни лекови не се препорачува без совет од лекар. Истовремена употреба со лекови инхибитори на протонската пумпа, може да доведе до намалување на нивната ефикасност.

Земање на IMUNOBOR URO AKUT капсули со храна или пијалок

Не е ограничено земањето на граничниот производ со храна или пијалок.

Може да се зема по јадење.

Бременост и доење

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

Капсулите IMUNOBOR URO AKUT, може да се употребуваат во тек на бременост и доење, бидејќи не се докажани некои несакани дејства во однос на составните компоненти.

Влијание врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини

Нема податоци за влијанието на IMUNOBOR URO AKUT капсулите врз способноста за возење или ракување со машини.

Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули

Помошните компоненти во граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули не предизвикуваат некои несакани ефекти врз здравјето.

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД

Секогаш употребувајте IMUNOBOR URO AKUT капсули според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Возрасни: По една растителна капсула до два пати дневно

Деца: Над 1 година, по една растителна капсула дневно

Ако сте употребиле повеќе IMUNOBOR URO AKUT капсули од препорачаното:

Не земајте поголеми дози од препорачаните за Вас.

Ако сте заборавиле да земете IMUNOBOR URO AKUT капсули:

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената

Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза.

 

Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт

 

МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Како и сите медицински производи и IMUNOBOR URO AKUT капсули може да има несакани дејства, иако се многу ретки и истите не се јавуваат кај сите пациенти.

Алергиски реакции: Досегашните клинички испитувања од употребата на екстракт од плод на црвена боровинка, укажуваат на исклучително ниска инциденца на алергиски реакции и несакани дејства. Ако се јави алергиска реакција, престанете со земање на граничниот производ и советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Гастроинтестинални нарушувања: Многу ретко (и тоа пред се ако се употребува во високи дози), може да дојде до појава на блага гастроинтестинална вознемиреност кај многу чувствителни лица. Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани  дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на Вашиот лекар или фармацевт.

ЧУВАЊЕ И РОК НА УПОТРЕБА НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД IMUNOBOR URO AKUT КАПСУЛИ

Да се чува на температура до 25С во оригинално пакување на места заштитени од светлина.

Граничниот производ да се чува на места подалеку од поглед и дофат на деца.

Рок на употреба:

Датумот на истек на рокот на употреба е означен на пакувањето.

Да не се употребува по изминување на рокот на употреба наведен на пакувањето.

Истекувањето на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

Медицинските производи не треба да се фрлаат во отпадна вода ниту во смет од домаќинството.

 

Прашајте го Вашиот фармацевт како да ги отстраните медицинските производи кои повеќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат да се заштити околината.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT капсули

Активни супстанции: екстракт од плодови на црвена американска боровинка (Vaccnium macrocarpon) –(12% PAC).

Една капсула содржи:

  • екстракт од плодови на црвена американска боровинка(Vaccnium macrocarpon) –12% PAC (проантоцијанидин тип А) 300mg (36 mg РАС)
  • Помошни супстанции: растителна капсула (хидроксипропил метилцелулоза), вештачки обојувач: (црвен железен оксид, титаниум диоксид); средство за дополнување: (магнезиум стеарат).

 

Како изгледа и што содржи пакувањето во граничниот производ IMUNOBOR URO AKUT КАПСУЛИ

Пластичен контенјер со 30 капсули/кутија.

 

Производител на граничниот производ

Борола ООД

Софија 1632, ж.к. Овча купел 2, бл.2А

Тел. 02/91 56 123; www.borola.com

 

Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет

Борола ДОО

Црвена Вода бр.22 Битола

Р.Македонија

Тел. 047/22 93 62

 

Начин на издавање:

Граничниот производ се издава во аптека, без лекарски рецепт (БР).

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи:

Бр.11-6221/2 од 05.07.2017

Датум на последна ревизија на упатството за употреба:

Јули 2017.

Оценки

Се уште нема оценки.

Бидете први кои ќе дадете оценка “Imunobor Uro Akut”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *