Vivatonin Good Night

VIVATONIN GOOD NIGHT капсули е граничен производ кој во својот состав како активни компоненти содржи екстракт од корен на Валериана (Valeriana officinalis) – (Валерианова киселина) и Мелатонин.

Употребливо до: 05/2019

Категорија:

Опис

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

VIVATONIN GOOD NIGHT Капсули

 

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитај го упатството.

  • Пред употреба на граничниот производ внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
  • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа VIVATONIN GOOD NIGHT капсули треба да го употребувате внимателно за да Ви биде што повеќе од корист.
  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.

Упатството содржи:

  1. Што претставува и за што се употребува граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули
  2. Што мора да знаете, пред да го употребите граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули
  3. Како да се употребува граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули
  4. Можни несакани дејства
  5. Чување и рок на употреба на граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули
  6. Дополнителни информации

ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД VIVATONIN GOOD NIGHT КАПСУЛИ

VIVATONIN GOOD NIGHT капсули е граничен производ кој во својот состав како активни компоненти содржи екстракт од корен на Валериана (Valeriana officinalis) – (Валерианова киселина) и Мелатонин.

За екстрактите од Валерианата (Valeriana officinalis) е докажано и потврдено дека поседуваат седативно, анксиолитично и цитопротективно дејство. Го подобруваат сонот и срцевиот ритам. Делува благопријатно на биолошкиот часовник, при стрес и психички оптоварувања, на активноста на вегетативниот систем, расположението и имунолошките функции. Мелатонинот (5-Metoksi-N-Acetiltriptan) е хормон кој е присутен во организмот на сите живи суштества. Се произведува од пинеалоцитите (вид клетки) во епифизата (која се наоѓа во мозокот), а исто така и од ретината и гастро-интестиналниот тракт. Мелатонинот го синхронизира биоритамот кај човекот, делува и како моќен антиоксиданс. Овој хормон им помага на луѓето да спијат, го намалува бројот на будења во тек на ноќта, придонесува за скратување на времето за заспивање и за полесно адаптирање, после патување, при смена на часовни зони – jet lag.

Граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули може да помогне и се препорачува за:

  • Привремено олеснување при симптомите на нервна напнатост, стрес, несоница и вознемиреност
  • Подобрување на активноста на вегетативниот нервен систем, расположението и имунолошките функции
  • Скратување на времето за заспивање
  • Полесно адаптирање после патување, при смена на часовни зони – jet lag.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД VIVATONIN GOOD NIGHT КАПСУЛИ

Немојте да го употребувате граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули

  • Ако сте алергични (преостеливи) на било која составна компонента на граничниот производ (наведени во делот 6);
  • Ако сте помлади од 18 години
  • Ако сте бремени или ако доите
  • Доколку веќе сте земале некој друг лек за спиење или анксиозност

Бидете посебно внимателни со граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT КАПСУЛИ:

  • За време на терапијата се препорачува воздржување од пушење и пиење алкохол
  • Пациенти со епилепсија, големо депресивно пореметување, леукемија, автоимуни заболувања или хормонални заболувања, пред да го користат производот се препорачува да се консултираат со лекар
  • Употребата на високи дози од валериана, може да предизвика главоболка, вознемиреност и тешкотии со будењето
  • Може негативно да влијае на способноста на пациентот да изврши потенцијално опасна работа, која бара поголемо внимание и брза реакција (психомоторна), ако е приемот од 4-6 часа претходно

Употреба кај деца:

VIVATONIN GOOD NIGHT не се препорачува за употреба кај деца.

Употреба со други лекови и медицински производи:

Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

VIVATONIN GOOD NIGHT не се препорачува да се употребува истовремено со:

  • заедно со други лекови за анксиозност и спиење
  • Бета – блокатори и аспирин, кои можат да го намалат нивото на мелатонин во организмот
  • Антидепресиви, може да го намалат саканиот ефект

Земање на VIVATONIN GOOD NIGHT капсули со храна или пијалок

Граничниот производ треба да се употребува после јадење, со чаша вода.

Бременост и доење: Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. VIVATONIN GOOD NIGHT не се препорачува за примена за време на бременост и доење

Влијание врз спсобноста за управување моторно возило или ракување со машини:

Валерианата, како и мелатонинот, може негативно да влијаат на способноста за управување со моторни возила или ракување со машини поради нивното седативно дејство, особено во период од 4-6 часа при приемот.

Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули:

Граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули во својот состав како помошни компоненти содржи добро познати ексципиенси, кои не претставуваат ризик по здравјето на хуманата популација, ниту пак поседуваат сигнификантен потенцијал за интеракции со други лекови.

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД VIVATONIN GOOD NIGHT

Секогаш употребувајте VIVATONIN GOOD NIGHT капсули според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Возрасни: По 1 капсула навечер, 30 мин. пред спиење

Ако сте употребиле повеќе VIVATONIN GOOD NIGHT капсули од препорачаното

Не земајте поголеми дози од препорачаните за Вас. Ако сте земале поголема доза отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт.

Ако сте заборавиле да земете VIVATONIN GOOD NIGHT капсули:

Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Земете ја следната доза во вообичаеното време.

Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ обратете се на Вашиот лекар или фармацевт

 

МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА

Како и сите медицински производи и VIVATONIN GOOD NIGHT капсули може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти.

Алергиски реакции: Многу ретко можат да се јават главоболка, депресија, „тешка глава“.

Ако се јави алергиска реакција, престанете со земање на граничниот производ и советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт

Гастроинтестинални нарушувања: Многу ретко може да дојде до појава на стомачна болка, повраќање.

Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на вашиот лекар или фармацевт.

 

ЧУВАЊЕ И РОК НА УПОТРЕБА НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД VIVATONIN GOOD NIGHT КАПСУЛИ

Да се чува на температура под 25° С, во оригинално пакување, на места заштитени од светлина. Граничниот производ да се чува на места подалеку од поглед и дофат на деца.

Рок на употреба: Датумот на истек на рокот на употреба е означен на пакувањето.

Да не се употребува по изминување на рокот на употреба наведен на пакувањето. Истекувањето на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

Медицинските производи не треба да се фрлат во отпадна вода ниту во смет од домаќинството. Прашајте го Вашиот фармацевт како да ги отстраните медицинските производи кои повеќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат да се заштити околината.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи граничниот производ VIVATONIN GOOD NIGHT капсули

Активни супстанции: Екстракт од корен на Валериана (Valeriana officinalis); Мелатонин

Една капсула содржи:

  • Екстракт од корен на Валериана (Valeriana officinalis) – (0.89%Валерианова к-на) 200mg
  • Mелатонин – 5 mg

Помошни супстанции:

Капсула: (желатин, вештачки обојувач – титаниум диоксид).

Средство за дополнување: (магнезиум стеарат): вештачки засладувач: малтодекстрин.

Како изгледа и што содржи пакувањето во граничниот производ

VIVATONIN GOOD NIGHT капсули

Капсули: Пластичен контејнер со 30 капсули/кутија.

 

Производител на граничниот производ

Борола ООД

Софија 1632, ж.к. Овча купел 2, бл.2А

 

Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет

Борола ДОО

Црвена Вода бр.22 Битола, Р.Македонија

Начин на издавање:

Граничниот производ се издава во аптека, без лекарски рецепт (БР).

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи:

Бр.11-6654/2 од 26.07.2017

Датум на последна ревизија на упатството за употреба:

Упатството е одобрено јули 2017

Оценки

Се уште нема оценки.

Бидете први кои ќе дадете оценка “Vivatonin Good Night”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *