Description
Insadent® / Инсадент®
Стоматолошко средство со благопријатен ефект на пародонтозата.
Секоја капсула содржи висококвалитетен стандардизиран екстракт од десапонифицирана фракција на Zea Mays (пченка) 30 mg. и фолна киселина 200 µg.
Намена при:
- При заболувања на гингивите и пародонтот: воспаление на гингивите и пародонтот (гингивити и пародонтоза);
- За отстранување на лош здив од устата и при секундарна ксеростомја (сувост на уста) од медикаментозно потекло.
Дејство:
- Покажува противвоспалително и регенерирачко дејство на сврзното ткиво и епителот во усната шуплина.
- Ја намалува ресорпцијата на алвеоларната коска.
- Ја зголемува продукцијата на плунката и ја намалува нејзината вискозност.
Дозирање:
- При гингивит и пародонтоза Инсадент се зема по 1 течна капсула 2 пати дневно, непосредно пред јадење во период од 3 месеци.
- При други состојби, производот се зема од 1 до 2 течни капсули дневно.
- Инсадент не се препорачува кај мали деца.
Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да не се користи како замена за разновидната исхрана.
Чување:
На суво место, недостапно за деца, на температура под 25оС.
Предности:
- 100% природен производ;
- Практично безбеден;
- Не се забележани несакани ефекти при подолготрајна употреба.
Reviews
There are no reviews yet.