ВИВАТОНИН ДОБРА НОЌ

30 капсули

Vivatonin® Good Night/ Виватонин® Добра Ноќ

За комплетен сон

Виватонин Добра Ноќ капсули е граничен производ кој содржи голема количина природни состојки кои го подобруваат сонот – 5 mg. мелатонин – кој претставува природен синхронизатор на сонот и 200 mg. екстракт од корен на Валеријана
Високо прочистените состојки помагаат за побрзо заспивање и продолжување на сонот со намалување на фреквенцијата на будења. Тие имаат корисен ефект врз функцијата на нервниот систем со физиолошки механизам.

30 капсули

 

Description

VIVATONIN® Good Night/ Виватонин® Добра Ноќ

Го олеснува заспивањето, го зголемува времетраењето и квалитетот на сонот.

Виватонин Добра Ноќ содржи двојна комбинација од природни состојки во  високи количини кои го обезбедуваат брзото дејство и посакуваниот ефект.

Секоја капсула содржи 5 mg. мелатонин и 200 mg. eкстракт од корен на Валеријана.

За екстрактите од Валеријана (Valeriana officinalis) е докажано и потврдено дека поседуваат седативно,анксиолитично и цитопротективно дејство. Го подобруваат сонот и срцевиот ритам. Делува благопријатно на биолошкиот часовник, при стрес и психички оптоварувања, на активноста на вегетативниот систем, расположението и имунолошките функции. Мелатонинот (5-Metoksi-N-Acetiltriptan) е хормон кој е присутен во организмот на сите живи суштества. Се произведува од пинеалоцитите (вид клетки) во епифизата (која се наоѓа во мозокот), а исто така и од ретината и гастро-интестиналниот тракт. Мелатонинот го синхронизира биоритамот кај човекот, делува и како моќен антиоксиданс. Овој хормон им помага на луѓето да спијат, го намалува бројот на будења во тек на ноќта, придонесува за скратување на времето за заспивање и за полесно адаптирање, после патување, при смена на часовни зони- jet lag.

 

Употребата на Виватонин Добра Ноќ се препорачува за:

  • Привремено олеснување на симптомите на нервна напнатост ,стрес, несоница и вознемиреност.
  • Подобрување на активноста на вегетативниот нервен систем, расположението и имунолошките функции
  • Скратување на времето за заспивање
  • Полесно адаптирање после патување, при смена на часовни зони – jet lag.

 

Дозирање:

Возрасни – 1 капсула навечер, 30 мин. пред спиење.

Не се препорачува кај деца, бремени жени и доилки. Не се набљудувани несакани реакции од употребата на Виватонин Добра Ноќ.

Виватонин Добра Ноќ е безопасен, не предизвикува несакани ефекти, не предизвикува зависност и е безбеден за подолготрајна употреба.

 

 

 

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “ВИВАТОНИН ДОБРА НОЌ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *